Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ги прозива јавно кадрите на СДСМ кои се противеа на високото ниво на државен долг кога тој во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше многу помал а сега молчат.
Стоилковски јавната прозивка ја прави откако вчера премиерот Ковачевски потврди дека владата ќе користи инструмент на ММФ со кој државата би се задолжила со нови стотици милијарди евра а долгот според проценките би на ниво и од околу 70 %.
,,Кире Наумов нема ли да напише некое писмо до меѓународните организации за задолжувањата?
Ванчо Узунов, нема ли “затегање на ремен”?
“Данска” нема ли некоја платформа да се качи говори да држи?
Таки Фити ќе го врати ли бројчаникот на МАНУ или незгодно малку е сега кога ќерка му е во ИО на СДСМ?
Ако за долг од 45% се правеа протести и им беше “неиздржливо” сега на над 60% со тенденција до 70% од БДП, доколку се држат до ставовите, треба пак да спијат на улици!
И задолжувањето што го прават им се пари за плати и социјален мир; пари фрлени во ветер!
Сега не им е спорно тоа што “Таче”, кој што како заменик министер учествувал во правење на буџетот од 4 мил., по само неколку месеци позајмува 1 милијарда!
Не утнал многу, една четвртина.
Ги имам. Сите изјави и видеа и анализи и колумни, текстови, од политичари и ‘експерти’ ги имам од тоа време. И ќе правам споредби со текст, изјави, видеа, за сите сега искажани дијаметрално спротивни ставови од истите луѓе.
Македонија не смее да си дозволи релативизатори во одбрана на директните предизвикувачи на катастрофата!”, пишува Стоилковски за молкот на луѓето блиски или функционери на СДСМ кои не молчеа кога ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за половина помалку од нивната партија сега.
Во 2014 Кире Наумов напиша писмо до ММФ барајќи да не се даде пари на владата на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше долг од 48 %.
Кога Таки Фити беше претседател на МАНУ во времето на ВМРО-ДПМНЕ оваа институција објави апликација на која се гледаше колку пари се задолжува државата во реално време.
Таки Фити сега нема став за огромниот долг кој се случува во време на СДСМ каде неговата ќерка е висок функционер.






