Радев: Одлуката за воено-техничка помош за Украина ја турка Бугарија во војна

Ова го Претседателот на Бугарија смета дека вчерашната одлука на бугарскиот парламент да се испрати помош за Украина – но не и оружје – не е многу разумен чекор и може да ја втурне земјата во војна.



„Партиите го игнорираат здравиот разум бидејќи нивната одлука е опасен чекор кон вклучување на Бугарија во војната“, порача претседателот Румен Радев по воената парада што се одржа денеска пред Споменикот на непознатиот војник во Софија по повод „Денот на храброста и бугарската армија“.

Радев предвидува дека „конфликтот нема да биде краток, ќе расте“. вели дека очекува разумни одлуки од парламентот и од политичарите. За него формулацијата „воено-техничката помош е растеглива“ и „политичарите должат одговори“.

Шефот на бугарската државата повика да не се дозволи воените страсти да се прошират и ги повика политичарите да ги одмеруваат нивните зборови и да не го делат општеството.

„Недозволиво е да се создаваат судири во центарот на главниот град по повод војната и опасно е да се веат други знамиња освен бугарски на бугарските улици. Наша должност е да се солидаризираме и да им дадеме поддршка на жртвите од војната, но крвопролевањето започнува со милитаристички повици“…

„Оној што ги носи овие страсти и нè вовлекува во војна мора да сноси своја одговорност“, заклучи тој.