Алијанса на Албанците уште пред две месеци предложила мерки за да се превенира порастот на цените на горивата со кој сега се соочуваат граѓаните, компаниите кои превезуваат стоки и услуги, превозот на патници и други велат од партијата на Зијадин Села.
„На 08.03.2022 година, Алијансата за Албанците, внимавајќи и размислувајќи како и секогаш за доброто на паричникот (џебот) на граѓаните на оваа држава, предложи конкретни мерки за намалување на ДДВ од 18% на 5%, за намалување на акцизата за бензинот од 22 на 15 денари, додека за дизелот од 15,50 на 9,00 денари, намалување на минималната можна трговска маржа од страна на операторите на трговијата на мало и во краен случај да се види можноста за замрзнување на вредноста на ДДВ и акциза на нивоа на максимална граница.
Но, оваа неспособна и неодговорна влада, во повеќето случаи непрофесионална, не ги зема предвид нашите предлози, но реалноста покажа дека предвидувањата на АА се аргументирани и засновани на факти.
Затоа, Владата да седне час порано и да ги разгледа предлозите на Алијансата за Албанците, бидејќи на светските берзи се предвидува дополнително зголемување на цената на црното злато и со сегашните акцизи и даноци, цените на мало ризикуваат да се зголемуваат уште повеќе отколку што се моментално“, повикаа од партијата.






