Зеленски: Загина уште еден новинар кој бил волонтер во борбите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека новинарот Олександр Махов, кој се борел во Украина како волонтер, загинал во борбите.



Според Зеленски, Махов загинал во близина на градот Изум на североистокот на земјата.

Махов, познат по снимките од конфликтните зони, известувал и од Антарктикот.

„Патриот и чесен, секогаш без суета. И секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот“, рече Зеленски во видео обраќањето.