Локалните и регионалните медиуми започнуваат со прекин на програмата

Бидејќи уште нема никакво решение нити поместување на ситуацијата, од денеска, локалните и регионалните медиуми започнуваат со прекин на програмата на секој час со траење од 5 минути и прекин на следење на прес конференции, на сите јавни институции, јавни претпријатија и градоначалници.



Тие наведуваат дека Владата долго време ги игнорира нивните барања за намалување од 50% за плаќање на надоместокот за дозволата за 2022 година кој го плаќаат радиодифузерите кон Регулаторното тело.Регулаторот веќе обезбеди 50%, а остатокот се чека од Владата. Предвидено е прекин на програмата секој ден по 30 минути, а после 15 ден исклучувањето ќе биде еден час.