Весникот „Ивнинг пост“ од Нов Зеланд во својот број од 27 мај 1903 година известува за убиството на Гоце Делчев, опишувајќи го како лидер на фракција во македонското револуционерно движење што се залага за независна Македонија, не за припојување кон Бугарија.
„Делчев, творец на Македонската револуционерна организација, убиен е во престрелка во Баница. Се смета дека неговата смрт веројатно ќе го парализира револуционерното движење.
Минатата година се случи поделба во Македонскиот комитет. Членовите на стариот комитет под Сарафов беа обвинети дека работат попрво за проширување на Бугарија отколку за независноста на Македонија. Беше формиран нов комитет кој искрено прогласи дека негова цел е македонската независност. Делчев беше лидер на оваа фракција“, пишува во написот на „Ивнинг пост“ што на својот налог на Твитер го сподели македонскиот новинар и активист од Австралија, Саша Узунов.






