БСП бара референдум за можно испраќање воена помош за Украина

Бугарските социјалисти (БСП), кои се дел од владината оалиција, денеска на седница на Народносто собрание повикаа да се одржи национален референдум за евентуална воена помош за Украина.



„Не на војната. Најдемократско, фер и чесно е нашата земја да одржи референдум ‘за’ или ‘против’ таква акција а бугарскиот народ е мудар и верувам дека нема да згреши. кога политичарите се наоѓаат на крстопат, сигурен сум дека нашите сонародници секогаш би го избрале патот на мирот“, изјави пратеникот на БСП Борислав Гуцанов за време на дебатата во Националното собрание за давање воено-техничка помош за Киев.
Повеќе на темата

Тој потсети на ставот на левицата, која остро се противи на барањето на ПП, ДБ и ГЕРБ Бугарија да помогнат во вооружувањето на Украина.

„Ние сме лојален партнер, но и да не ги преминуваме границите што би нè одведоа во други конфликти“, повика Гуцанов.