Бугарија не треба да го укине ветото за Северна Македонија додека Бугарите не бидат запишани во уставот на земјата и немаат јасни гаранции за заштита на бугарската историја и култура.



На ова инсистираше претседателот Румен Радев на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, организирана од Бугарската академија на науките и Македонскиот културен институт, пренесоа бугарски медиуми.

„Отсекогаш сум велел дека тоа треба да се случи кога ќе се смени уставот и кога македонските Бугари ќе бидат вклучени рамноправно со другите народи…

Петков: Нема да го укинеме туку ќе го поместиме ветото за Македонија

Тој вели дека пет години од потпишување на Договорот за пријателство довербата е опадната

„Која е гаранцијата дека во следните 5 години нешто ќе се промени во позитивна насока? како ЕУ ќе може да го заштити нашиот национален интерес?“ , го аргументира својот став шефот на државата.

Друг основен услов што треба да биде камен-темелник во нашата политика кон ПКМ како имплементација или неспроведување е заштитата на бугарското културно и историско наследство и искоренувањето на говорот на омраза.

„Траба да сез апочне со учебници. Не можам да прифатам младата генерација кај нашиот западен сосед да е воспитана во омраза кон се што е бугарско“, рече Радев, апелирајќи да се декласифицира архивата на поранешните југословенски служби за репресијата врз Бугарите во Македонија.

Бугарскиот претседател вели дека требада има целосен консензус овде во Бугарија за ова прашање.

Тој призна ека иИма сериозен притисок од партнерите од ЕУ, Софија да се откаже од ветото што е можно поскоро

„Ова е притисок поради неразбирање на проблемите. Треба да интегрираме партнери, а не проблеми“, рече Радев.

Токму ова недоразбирање на случајот, смета Радев, долгорочно ќе им наштети на интересите не само на Бугарија, туку и на Европската Унија поради деструктивниот ефект на македонизмот како идеологија.

Притоа, треба да се направи јасен распоред за решавање на итните политички прашања на оската Софија-Скопје, за веќе постигнатите политички успеси да не останат во втор план.