Гувернерот на Оклахома вчера стави потпис на еден од најрестриктивните закони кој забранува абортус по шест недели бременост, неколку часа откако со одлука на Врховниот суд беше најавен крај на легалниот абортус низ целата земја.



„Горд сум што го потпишав овој закон. Ги застапувам сите четири милиони жители на Оклахома кои се желни да ги заштитат неродените деца“, напиша Кевин Стит на својот Твитер профил.

Тој сепак појасни дека исклучоци ќе има во случај на силување или инцест.

Ако предлог-одлуката биде потврдена од судот, за законите за абортус ќе одлучуцваат поединечните државни законодавни тела, при што речиси половина се очекува да воведат забрани или нови ограничувања.

За многу жени, потенцијалното губење на правата за абортус ја зголемува можноста да бидат принудени да патуваат стотици милји во друга сојузна држава или да се породат во трауматски околности.