Германците во шок: Пивото може да поскапи до 30%

Германски Билд пишува дека цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да пораснат за 30%.



„Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале“, изјави за весникот, Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пивари.

Производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни притисоци“, нагласи тој. „Струјата е зголемена за 250 отсто во споредба со минатата година, сладот за 70 отсто, а европалетите за 150 отсто“, рече Ајчел.

Сето ова доведува до нагло поскапување на омилениот пијалок во Германија. „До крајот на годината, цените на пивото би можеле да пораснат за 30 отсто“, изјави Стефан Фрицче, потпретседател на Здружението на пивари во Берлин и Бранденбург.

Здружението на германски пивари има 1.400 германски пиварници со вкупно 6.000 брендови.