Симпозиум за Гоце Делчев: Директорот на одмор, премиерот пратил поздрав

Професорката Билјана Ванковска открива дека директорот на Институтот за национална историја (ИНИ) кој го организира настанот во чест на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев заминал на одмор за време на научниот симпозиум.



На настанот не била прочитана порака од премиерот туку бил пренесен само поздрав до учесниците.

,,Собирот не беше во или на МАНУ. Единствено Институтот за национална историја го обели образот на УКИМ и на сите универзитети. Со ИЧ средства, ни приеми, ни скапи папки, ептен скромно . Директорот на ИНИ и академик во МАНУ отишол на одмор! Премиерот прати порака дека посакува успех на собирот – така рекоа, ништо не прочитаа”, пишува Ванковска за улогата на премиерот и директорот на ИНИ кој Драги Ѓорѓиев.