„Скопско ехо“: „Политичарите треба секогаш да учат од лекциите на Делчев за нашата иднина, не само кога ќе му се поклонат на гробот“

„Денеска се одбележува денот кога Гоце Делчев херојски го даде животот за слободата на Македонија и Македонците. Оваа година е и 150-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер и учител. Дали доволно го славиме неговото дело? Дали доволно го следиме и го чуваме она што го направи тој?“ – прашува весникот „Скопско ехо“ во својот редакциски коментар со наслов „Ги учиме ли лекциите на Гоце Делчев за нашата иднина?“

„Скопско ехо“ пишува: „Мора да се запрашаме околу ова. Како да има сили во Македонија, кои сакаат полека се да биде ставено во втор план, и ‘мудро да се гледа кон иднината’. Но, Делчев не учи на работи, кои се неопходни за добра иднина. Еве дел од неговите „лекции“:
„Ослободувањето на еден народ е, пред сè, негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“



„Тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“

„Јас не познавам друг народ, кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“

„Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“     

„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата, тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако не го направиме тоа, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави, или ќе биде разделена помеѓу нив…“

„Има уште лекции, но и овие се доволни – ако сакаме ги научиме. Многу ќе ни помогнат за во иднината. Лекциите во овој период особено треба да ги препрочитуваат и политичарите во Македонија, а не само преку фејсбук, или само еднаш годишно кога искажуваат почит кон Гоце Делчев на неговиот гроб. Делчев секогаш очекувал конкретни дела, а не…“