„Свеченото отворање на споменикот кај Комплексот на гробовите на мачениците во Слупчане беше доволно да се покаже вистинското лице на некои македонски политички кругови, но и колку е изграден прокламираниот мултиетнички концепт во овие 20 години.“ – вели Фејзи Хајдари, издавачот на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата колумна со наслов „Свеченото отворање на Споменикот во Слупчане докажува колку е кревок прокламираниот мултиетнички концепт!“
Хајдари пишува: „Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски веднаш најави дека ќе изгради споменик на ‘Бранителите’ во Куманово. Така, Албанците градеа вакви споменици во Радуша, Арачиново, на Шар Планина, во Тетовско, и сега во Слупчане, додека Македонците гдаеат во градовите. ‘Нерамноправна битка’ на штета на Албанците.“
„Уште повеќе, сакам да ја истакнам кревкоста на стабилноста во с.Македонија, додека политичарите 20 години трубат дека со децении го стабилизирале и го решиле овој проблем. Реакциите на некои македонски политички кругови за споменикот во Слупчане се најголемиот доказ дека и по 20 години не успеавме да изградиме ‘мултиетничка држава’, или подобро кажано ‘мултиетничко општество’, туку спротивното. Кога сакаме да добиеме рејтинг или политички поени, предизвикуваме меѓуетничка напнатост, за да се дојде до целта.“
„Поставувањето споменици треба да има спротивна порака од ова што се случува во с.Македонија. Ние барем заслужуваме да ги почитуваме мачениците на овој начин. Човечки е… Она што различни кругови не успеваат да се помират со реалноста е дел од игрите на политиката, а никако не е од интерес на граѓаните без оглед на етничката припадност.“
„Новата реалност бара нов пристап. Старите игри (пинг-понг) не се достојни за новите предизвици. Светот се менува, а камоли с.Македонија, која е само една точка во овој мозаик.“





