Откако германскиот канцелар Шолц изјави дека нема да ја посети Украина бидејќи Киев не го прифати германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер поради неговите наводни блиски врски со Русија, украинскиот амбасадор во Берлин, Андреј Мелник реагираше со остар и надвор од сите дипломатски манири, јавува „Еуроактив“.



„Не звучи многу државнички да се однесуваш како навреден црн дроб“, рече амбасадорот, користејќи германски сленг – beleidigte Leberwurst – за некој што лесно се навредува или не може да прифати шега.

„Ова е најбруталната војна за уништување од нацистичката инвазија на Украина, ова не е градинка“, рече амбасадорот како што пренесе ДПА.

Во последниве месеци, украинскиот амбасадор во Берлин стана контроверзна личност, многу политички набљудувачи и германски политичари тврдат дека тој се меша во внатрешните работи на Германија со своите критики кон владата, пренесува Политико.

Во средината на април, Штајнмаер планираше да го посети Киев со своите колеги од Балтикот и Полска за да покаже солидарност со земјата разурната од војна. Сепак, Украина одби да го пречека германскиот претседател, наведувајќи ги неговите блиски односи со Кремљ како причина за одбивањето на поканата.

Шолц уште му е лут на Зеленски

Според Шолц, овој потег ја попречува неговата посета на Украина.

„Не можете да го направите тоа. Земја која обезбедува толку многу воена помош, толку многу финансиска помош, (земја) што е потребна кога станува збор за безбедносни гаранции кои се важни за Украина во иднина, а не можете да кажете на претседателот дека „не може да дојде“, изјави Шолц за ЗДФ.