Дали е можно да биде суспендирана обичната акција на Стопанска Банка Скопје од тргување на македонската берза?
Ова прашање го поставуваат дел од акционерите на Стопанска Банка Скопје кои сметаат дека таквото сценарио е можно ако се гледа законот.
,,Законски гледано ДА! Но, за среќа на банката, акционерите не спроведуваат закони. Ќе ја ставиме на тест МК-берза и нејзиниот претседател на Одборот на директори (воедно и ген. дир. во Стопанска Банка Скопје).
А, со нетрпение до почетокот на 2023г., ќе го чекаме резултатот од “екстерниот тест” за банката (Прашалник за Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва на Македонска берза, силно промовиран и поддржан од извршниот директор на берзата и претседателката на КХВ)”, стои во јавното соопштение на дел од сопствениците на акции во Стопанска Банка Скопје кои водат правна битка со менаџментот за третманот на приоритетните акции од страна на банката која има грчки сопственици.
Линкот до ставот на дел од акционерите на профилот ,,Здружение на акционери на Стопанска Банка Скопје”, кое собира незадоволни акционери на банката:
https://www.facebook.com/102231515530752/posts/165661449187758/






