ДУИ на столчиња „попрскани со крв“ во Слупчане

Со цел да се долови атмосферата, столчињата на кои денеска седеше публиката во Слупчане, каде што традиционално ДУИ го одбележува споменот на загинатите на ОНА на 2 мај, беа испрскани со црвена боја и на нив беа оставени каранфили.



Денеска во присуство на партискиот врв на ДУИ беше отворен 20-метарски споменик посветен на загинатите членови на ОНА.

Овој настан ДУИ го одбележува секоја година во липковското село.