Врховниот суд на Република Македонија закажа седница за 5 мај но деталите за информацијата не можат да се проверат на веб страната затоа што таа е нефункционална.
Во текот на целиот ден не работи веб страницата на Врховниот суд на република Македонија а попладнево не работат ниту интернет порталите на Апелациониот суд Скопје, Кривичниот суд Скопје 1 и Управниот суд.
Сите што ќе се обидат да пристапат до веб страниците на овие судови по неколку минутно чекање добиваат одговор дека порталите не се достапни.
Единствена веб страница која што функционира е таа на Уставниот суд.
Дали колапсот на четирите важни институции во македонскиот судски систем е последици на хакерски напад или едноставно се работи за нефункционален систем и неажурност на одговорните лица засега не кажува никој ниту во судовите ниту во владата или во министерството за правда.











