Лавров: Војната нема да заврши на 9 мај!?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека Москва не поставила „вештачки“ временски рамки за својата воена операција во Украина, односно таа да заврши до Денот на победата, на 9 мај.



„Нашите војници нема вештачки да ги засноваат своите активности на одреден датум, вклучувајќи го и Денот на победата. Свечено ќе го прославиме 9 мај, како и секогаш“, изјави Лавров во интервју за италијанската медиумска куќа Медиасет.

Лавров вели дека операцијата е особено насочена кон обезбедување на безбедноста на цивилите и да се осигура дека нема закани од Украина за цивилите и Русија, „што би било поврзано со офанзивно оружје и ширење на нацистичките идеи што Западот ги обидува да се намали“.

„Видов извештаи на Ен-би-си, читав списание ‘Нешенал интерест’. Таму почнаа да се појавуваат сериозни написи кои предупредуваат да не се игра со нацистите, како што се случи во 1935-1938 година“, нагласи рускиот висок дипломат.

Во Русија и годинава ќе се одржи прослава по повод 9 Мај, но не се поканети странски лидери.