Во март во Црна Гора највисоката плата изнесувала околу 115.000 евра, а просечната била 700 евра. Според податоците на Заводот за статистика – Монсат, просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во текот на март била 704 евра, а просечната бруто плата 868 евра.
Како што објави порталот на Управата за приходи и Царина на Црна Гора, во март годинава, 10-те најголеми бруто плати биле во висина од 52.667 евра до 115.250 евра. Тие плати се исплатени во секторот компјутерско програмирање, друго парично посредување, авиопревоз на патници, консултантски дејности поврзани со бизнисот, екстракција на сурова нафта. Во регионот и Србија има просечна плата околу 600 евра, а Македонија останува на дното со просечна плата околу 500 евра. 






