Во Ѓуешево, населено место во Бугарија на неколку километри од границата, во чија близина минува меѓународниоот пат што го поврзува Ќустендил со Крива Паланка и Скопје има – Царинарница.
Објектот никогаш не проработел, бидејќи не постои линија помеѓу Софија и Македонија. Изграден е во 1999 година, кога беше потпишана Декларацијата за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија.
Зградата на Царинарницата е веднаш до железничката станица, до која три пати во неделата доаѓа воз, од сасмо еден правец.
Станицата била изградена уште во 1910 година. Сега до таа станица три пати во неделата застанува воз. Но нема На градежните планови може да се види дека таму имало простпории предвидени за бугарски стражари и – за турските заптии и јузбаши, службеници на тогашната Отоманска империја.

Идејата за пругата која минува низ Ѓуешево е уште постара – од 1885 година.
Изградбата на пругата се реализирала на етапи: од Софија до Перник, оттаму до Радомир. Пругата до Ѓуешево, дело на компанијата на инвеститорот Иван Златин, била изградена за само неколку години, пренесува бугарски медиум во репортажата за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија.
Историчарот Д-р Ангел Јонов,вели дека компанијата што ја градела пругата привлекувала материјали и работна сила речиси од цела Европа. Така, шините доаѓале од Англија, финасиските средства биле Франција, мостовите од Германија, експлозивите од Австро-Унгарија. Градителите на тунелите и на мостовите биле Италијанци и Црногорци.
Бугарија и Македонија поставија рок од 10 години за старт на првите директни возови помеѓу Софија и Скопје.





