Не запираат ироничните и саркастични коментари за функционерката на ДУИ Теута Арифи која е одбиена за амбасадор од САД, ЕУ и Турција.
,,Зборено е со Заев, ќе биде македонски амбасадор во Скопје”, пишува шегобијно во својот статус на Фејсбук Лазар Темелков новинар на Алфа ТВ кој се шегува на сметка на изразот кој порано го користеа членови на СДСМ кога сакаат да собираат за некоја цел.
Темелков меѓу редови се шегува и на сметка на тезите според кои Скопје е поделен град меѓу Албанците и Македонците.

Теута Арифи од ДУИ со тројното НЕ од три стратешки партнери на Македонија стана најодбивана македонска функционерка кандидатка за дипломат во историјата.
За многумина тоа е порака до лидерот на ДУИ Али Ахмети дека завршува меѓународната бланко поддршка за неговата партија.





