Едно лице загина а друго е тешко повредена во несреќата што се случила вчера во фирма за изработка на надгробни споменици во Битола. Полицијата соопшти дека нереќата се случила додека работниците ги извршувале работните задачи во кругот на претпријатието.
Од СВР Битола за „Независен“ ја потврдуваат несреќата.
„Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, изјави портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.






