Финските власти и компании се подготвуваат Русија да ја прекине испораката на гас за Финска овој месец
Најдоцна до 20 мај Хелсинки, особено државната компанија Гасум, ќе треба да се изјасни дали се согласува со условот за плаќање на рускиот гас во рубли, јавуваат медиуми
Според официјалните проценки, нема да може да се замени рускиот гас со ресурси од естонскиот гасовод и терминалите за течен природен гас.
Во исто време, гасот сочинува само околу 5% од вкупната потрошувачка на енергија во Финска.
Но, откажувањето од гасот во Финска може да доведе до проблеми во индустријата, каде што гасот се користи како суровина. Само две третини од природниот гас во земјата го користат индустријата, главно хемиските претпријатија и во дрвната индустрија.







