Ќучук: Ветото може да се укине ако ЕУ гарантира дека ќе се следи почитувањето на човековите права и слободи во РМ

Бугарскиот европратеникот Илхан Ќучук истакна дека ЕУ мора да гарантира дека постои механизам за следење на човековите права и слободи.



Правата на бугарските граѓани во Македонија се главното прашање за кое мора да се најде решение пред нашиот западен сосед да влезе во Европската унија. Ова го изјави европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук во емисијата „Брисел 1“ на Бугарија ВО ЕТЕР.

„Доколку овде се најде европско решение, самата ЕК ќе ни даде гаранции за набљудување на човековите права и слободи, би рекол дека тоа е доволна причина да се оди напред, односно да се укине ветото. ЕУ да даде гаранции, дека постои механизам за следење на човековите права и слободи, со јасни укажувања, како што се прави за другите земји и потоа да им се отвори перспективата“, рече тој.