Берлин ќе му ги укине привилегиите на бившиот канцелар Шредер!?

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер повика на намалување на државната финансиска поддршка за поранешниот канцелар Герхард Шредер поради неговите врски со руските бизнис интереси поддржани од Кремљ, објави Politico.



Откако Москва ја започна војната во Украина, Шредер се соочува со зголемен притисок да поднесе оставка од сите позиции во руските енергетски компании и јавно да го осуди рускиот претседател Владимир Путин.

Шредер, германски канцелар од 1998 до 2005 година, корсти различни форми на државна поддршка, вклучително и канцелариско финансирање.

Но, според Линднер: „Поранешните високи функционери кои се чини дека се на страната на криминалнит влади не можат да сметаат на поддршката од оваа земја.

Шредер: Неизбежно е да се преговара со Русија

Линднер повика и на обновување на бенефициите за поранешните канцелари и федералните претседатели.

„Во овој контекст, треба да зборуваме и за еден вид кодекс на чест кога станува збор за однесувањето“, рече тој.