Каракачанов: Опасно е неспособни да владеат со нас за време на војна


Поранешниот министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов тврди дека во Украина приватниот бизнис извезува оружје и, според него, државата не би требала дава оружје кое ѝ припаѓа на бугарската армија.



Красимир Каракачанов како што пренесува Њуз.бг не би давал пари за оружје.

„Во војна, двете страни се виновни“, вели екс-министерот за одбрана.

БСП ќе ја напушти владата ако Бугарија ѝ даде оружјена Украина

Според него, опасно е „неспособни луѓе да не’ управуваат во време на криза. Еден круг на пријатели за време на војната решил да заработи“, критикува Каракачанов.

Вели дека Бугарија треба да биде иницијатор за изнаоѓање мирно решение.

Тој е убеден дека „ЕУ трпи огромни загуби и конечно ќе ја напушти светската сцена“.

Според неговата прогноза, конфликтот ќе расте и ќе бидат вклучени и други земји. Никој нема да има корист од оваа војна, смета поранешниот воен министер.