Лидерот на ТМОРО жали што Македонија во 2001 година не се поделила

Лидерот на партијата ТМОРО Ванчо Шехтански жали што Македонија во 2001 година не се поделила.



Шехтански смета дека поделбата на Македонија и размена на население им одговарало на Македонците но сега било доцна за такво нешто.

,,Размената на територии и население, да се направеше во 2001, денес ќе доведеше до Македонска национална држава со сите Македонски обележја. Колку и да изгледало во тоа време како неприфатливо, од денешен аспект после две децении демографска и социјална катастрофа, двојазична држава, сменето име, избришан идентитет….за Македонците е прифатливо решение , ама возот веќе отиде”, смета Шехтански.