Вечерва Министерството за надворешни работи преку соопштение се обидува да ги демантира информациите кои се појавија во одредени медиуми дека Теута Арифи е одбиена од ЕУ како македонски амбасадор.
,,МНР ги демантира шпекулациите на одредени медиуми дека не е прифатено барањето за агреман за амбасадор на Република С. Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор”, се вели во реакцијата на МНР.
Информацијата кој првично ја објави порталот мкд.мк вечерва ја потврди и Телма од свои извори.
Предходно МНР несмасно демантираше и за испраќање на новинарката на Алсат Ејупи која требаше да замине за генерален конзул во Њу Џерси.
Тогаш министерот Османи велеше дека не смее да коментира јавно затоа што не завршила процедурата на тајна владина седница.
Веста на МКД за одбивањето на Арифи
(ДПЛ) Стратешки партнер одбил уште еден македонски кандидат за амбасадор





