(ДПЛ) Стратешки партнер одбил уште еден македонски кандидат за амбасадор

По американското одбивање македонски амбасадор во Вашингтон да биде Љубомир Фрчковски уште еден член кандидат за амбасадор на коалицијата СДСМ и ДУИ е одбиен, овој пат од вториот стратешки партнер ЕУ.



Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, која по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, во март годинава од македонската влада беше предложена за амбасадорка во ЕУ, јавува порталот Мкд.мк кој цитира дипломатски извори.

И претходниот план на владеачката коалиција Арифи да биде испратена како амбасадорка во САД не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон.

Молкот од Вашингтон за ваквото кадровско решение, во македонското МНР било разбрано како несогласување.

Двете главни причини за одбивање да се издадат агремани за амбасадори и други високи дипломатски претставници во САД и ЕУ се поврзаност на кандидати со корупциски и криминални организации или соработка со непријателски земји на западните сојузници.

По мартовската владина одлука, опозициската партија Алијанса за Албанците побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата за Теута Арифи.

„Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“, изјави тогаш Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците.

На последните локални избори Теута Арифи ја изгуби градоначалничката функција на Тетово. „Таа беше казнета од тетовц за уништувањето што му го направи на Тетово како градоначалник со корумпираната власт во два мандата. Против Теута Арифи се поднесени две кривични пријави за корупциски дела. Таа ја договори приватизацијата на 71 илјада квадратни метри површина од некогашниот шумско-индустриски комбинат ‘Јелак’ во центарот на Тетово, за да му овозможи на прорускиот олигарх и поранешен министер на Радован Караџиќ, Дака Давидовиќ да заработи 200 милиони евра во операција за недвижнини, потсетува мкд.мк.

Целиот текст на овој линк на МКД.мк

Веста е дополнета со реакција на МНР

По Фрчкоски, Владата и Османи ,,заглавија” со двајца кандидати за високи дипломати од ДУИ

МНР демантира дека Арифи е одбиена од ЕУ, Телма ги потврдува информациите на МКД.мк

,,Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор”, се вели во реакцијата на македонското министерство за надворешни работи.