„Нема да биде далеку денот кога и во с.Македонија Албанците ќе имаат албански премиер.’ рече професорот и заменик-ректор на Универзитетот на Њујорк во Тирана Илир Калемај, инаку доктор по политички науки, вечерва во интервјуто со Мерита Хаклај од Си-Ен-Ен, коментирајќи го изборот на новиот премиер на Црна Гора, Албанецот Дритан Абазовиќ.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација со наслов „Тројца албански премиери во Балканот – Калемај: ‘Може да имаме и четврти премиер“.
„Журнал“ пишува: „Според Илир Калемај, Абазовиќ е млад, академски и проевропски политичар. Тој додаде дека состојбата со застапеноста на Албанците многу се подобрува во с.Македонија и оти нема да биде далеку денот кога Албанците и таму ќе имаат албански премиер.“
„Уште од 2014 година Дритан Абазовиќ настојуваше да преживее во вителните води на Црна Гора, каде што има значително српско мнозинство од 45 проценти. Абазовиќ успеа да обедини еден спектар, кој вклучува и просрпски партии и две албански партии, постигајќи да стане премиер и со благословот на опозициската партија на Ѓукановиќ. Кариерата на Абазовиќ помалку наликува на кариерата на Барак Обама. Ова треба да биде лекција и за Албанија. Значителен дел од политичарите и лидерите во Балканскиот регион се од новата генерација.’ – рече Калемај.“
Home Македонија Калемај за „Си-Ен-Ен“: „Наскоро Албанците ќе го имаат и четвртиот албански премиер...





