Двајца британски доброволци кои работат на обезбедување хуманитарна помош во Украина се приведени од руската војска на контролен пункт јужно од Запорожје.
Засега нема коментар од британското Министерство за надворешни работи. „Форн офисот за прави се за да ги поддржи и идентификува овие две лица“, изјави британската министерка за трговија Ен-Мари Тревелјан пренесо медиуми.
Непрофитната организација „Президиум нетворк“ соопшти дека двајцата мажи – цивили, работеле независно како дел од проектот во Украина за обезбедување храна, медицински материјали и поддршка за евакуација.






