Беџети: „Дритан како лекција за македонските политичари – премиер-Албанец не би ги загрозил с.Македонија и македонското битие“

„Изборот на Албанецот Дритан Абази на чело на Владата на Црна Гора нека биде и лекција за с.Македонија и нејзините македонски политичари дека еден премиер-Албанец никако не би ја загрозил оваа држава, ниту македонското национално битие, туку напротив, би ги засилил.“ – тврди д-р Веби Беџети, професор во Факултетот за јазици, култури и комуникации на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Дритан во Црна Гора нека биде лекција и за македонските политичари во с.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Беџети пишува: „Изборот на Дритан на чело на Владата на Црна Гора секако ќе остане во историјата како позитивен пример, кој покажува дека во политиката можат да се случат и незамисливи нешта, дури и во една држава, која до пред неколку месеци беше загрозена од државен удар на агресивната политика на просрпските политички сили, поддржани од Српската православна црква.“



„Дритан Абази сега се појавува како нова реалност во создавањето на балканската политика. Доаѓањето на еден Албанец на чело на Владата на Црна Гора, независно од создадените околности и односите меѓу политичките сили, кои ја овозможија малцинската Влада на Црна Гора, нека биде и лекција за с.Македонија и нејзините македонски политичари дека еден премиер-Албанец никако не би ја загрозил оваа држава, ниту македонското национално битие, туку напротив, би ги засилил.“

„По овој повод на Дритан Абази, историскиот премиер-Албанец, чие презиме не треба да биде Абазовиќ, му посакуваме успех во неговата работа. Изразуваме надеж дека тамошните Албанци, сега во нови политички околности и во релаксирана меѓуетничка клима, ќе ги добијат правата, кои им припаѓаат, иако Владата на Црна Гора ќе биде раководена од граѓанска програма.“

„ И овој модел на владеење, кој се стреми кон граѓанските права на сите етникуми, е добредојден и надежен за Албанците, а граѓанската рамноправност и економската благосостојба за сите, треба да се применува и за нив, за Албанците.“ – заклучува професорот Беџети во својата колумна.