Совет: Како да му се поверува на Ковачевски дека тој и СДСМ не се скриени ,,Бугараши”

Писателот и актер Сашо Тасевски не верува на зборовите на премиерот во врска со бугарската агресија кон Македонија се додека само зборува и не презема конкретни чекори.



Тасевски наведува што треба да стори лидерот на СДСМ за да не се мисли дека тие се таканаречени скриени ,,Бугараши”.

,,Ковачевски, фино што ти го слушнавме мислењето за подивените бугараши во Македонија кои ја користат несебичната помош на Бугарија да шират антимакедонска и фашистичка пропаганда кај нас.

Фино што си бил вознемирен пред она славење на фашистичкото ѓубре Ванчо Михајлов во Битола, во кое учествуваше бугарскиот политички врв.

Фино што повика и Дпмне да расчисти еднаш за секогаш со ванчомихајловистите во нејзините редови.

Се е тоа фино. Фино кажа.

Ама…

Знаеме дека говорницата собраниска се трпи.
За да ти поверувам дека тоа што го кажуваш не е демагогија, дај да видиме дела.

Што значи тоа?

Престанете да се церекате и тртите пред Бугарите.

Оти твојата Сдсм Таче им дозволи на Бугарите тв канал и клуб наречен по фашист да шират антимакедонска пропаганда кај нас дома.
Тоа е недозволиво.

Ако сакаш да ти поверуваме дека не си демагог и скриен бугараш, растури ја комисијата историчари кои преговараат со Бугарите за нашата историја и идентитет. Тоа доволно беше глупо и до сега.
Веднаш побарај да си го сменат името на клубот во Битола и исчешлај го здраво, да видиме каква литература и пропаганда шират од таму за читање и труење на околината.
Затвори им го тв каналот кој шири големобугарска непријателска пропаганда.

Тргни го од секаде во Македонија ликот и името на Ванчо Михајлов. Секоја негова восочна фигура, биста. Тој како најголем крвник на Македонците тоа го заслужува охо хо.

Извести ги сите мегународна организации и сојузи, плус бугарскиот амбасадор овде, дека секое мешање од Бугарија во нашите работи и идентитетот ќе го сметаме за непријателски акт.

Седнете и со Мицкоски другарски и договорете се како понатаму координирано да делување против овие фашистички орди во Македонија.
Излези и јавно кажи дека има илјадници македонци во Бугарија, кои врз кои со декади се вршат обиди за присилна асимилација и притисок да се откажат од своето потекло. Јавно кажи го ова.

Додека ова не го го направиш на дело, ти си обичен демагог, а вашата партија ќе ја сметаме за бугарашка и велепредавничка.
Толку е просто”, му пишува актерот на премиерот.