„Газпром“ соопшти дека Полска, спротивно на нејзините изјави, продолжува да купува руски гас , наводно, преку Германија.
„Полска оваа недела одби да плаќа за испорака на гас од Русија според новата процедура, во рубѝи. Свечено беше објавено дека рускиот гас повеќе не ѝ е потребен и нема да се купува, но всушност тоа не е така“, соопшти Гаспром, како што пренесува Комерсант.
По прекинот на директните испораки, Полска продолжила да купува руски гас, но сега во Германија, од каде што гасот во Полска се доставува во спротивна насока преку гасоводот Јамал-Европа.
Од „Газпром“ наведуваат дека обемот на реверсот е околу 30 милиони кубни метри дневно, што речиси точно одговара на потребите според договорот со Гаспром експорт во претходните денови.
Полските власти на 26 април објавија дека нема да плаќаат за рускиот гас во рубли.
Ден потоа Газпром потврди дека целосно ја прекинал испораката на гас за полската компанија PGNiG, а одлуката е донесена затоа што Полјаците одбиле да го платат рускиот гас во рубли.
Во исто време суспендиран е извозот на руски гас и во Бугарија. б92






