Министерката што се закануваше со отказ за наставници почнала постапка за помирување со СОНК

Министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска која на наставниците и другите членови на СОНК им порача дека за штрајкот може да добијат и отказ почнала постапка за помирување.



Формалната постапка за мирно решавање на колективниот спор со СОНК според изворите во владата започнала по официјално барање од страна на министерството за образование по што по службена должност Тренчовска почнала со процесот на помирување.

Согласно процедурата министерката назначила и ,,помирувач” од регистерот на помирувачи и арбитри.

Упатени во процедурите за помирување велат дека овој потег на владата може да доведе до решение на спорот меѓу егзекутивата и СОНК но може да постави и рамка во која по евентуално неуспешно помирување меѓу двете страни би се создале предуслови за прогон и реваншизам врз раководството и членовите на СОНК.