Станковиќ: „Весниците во Бугарија во 19 и 20 век пишуваа за ‘македонското прашање’ и „борбата за слобода на Македонците“


„Од истражувањето во архивите на софиските весници“



„Во почетокот на 20 век во Бугарија се печатеа голем број весници и списанија, што се занимаваа со македонското прашање и револуционерната борба на Македонците за слобода. Тие весници и списанија се веродостојни историски извори, кои јасно ја образложуваат македонската кауза кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.“ – вели Далибор Станковиќ во својата статија со наслов „Уште во почетокот на 20 век бугарските весници ги разграничуваа Македонците и Бугарите“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Станковиќ пишува: „Во списанието ‘Свето дело’, кое излегувало со поднасловот ‘Македонско списание’ во периодот 1902-1903 година особено се интересни оние делови, во кои суштински се пишува за ‘македонското ослободување’, ‘македонската слобода’ и ‘македонскиот народ’, како и за разграничувањето меѓу ‘Бугарите и Македонците’.“

„Во Македонија има Македонци“

„Свето дело’ ја објавува статијата ‘Македонското прашање во нашиот и странскиот печат’. Како автор на текстот е потпишан В. Стоимир. Во анализата ги опфаќа пишувањата на бугарските, балканските и свестите весници за македонското прашање. Авторот забележува дека српските и грчките новинари се обидувале да докажат дека во Македонија имало Грци и Срби, за да ја поделат Македонија.“

„Но Стоимир посочува и дека постоело едно ‘силно и бурно македонофилско течение’, нагласувајќи: ‘Во Македонија има Македонци и ништо друго! Македонците војуваат и се борат и во името на човештината за слободен живот…“

Интернет-врска до целата статија:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/ushte-vo-pochetokot-na-20-vek-bugarskite-vesnici-gi-razgranichuvaa-makedoncite-i-bugarite/