Фактор: Копанија на фамилијата Заеви добила 1,4 милиони евра неповратен грант

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, добила неповратен грант од 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, објави „Фактор“.



Според поралот Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот Мама’с, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари.

Овој износ следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.