Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”,навести кога би можеле да има предвремени избори во земјата.



ДУИ, како учесник во оваа коалиција, рече Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

„ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања“, порача Груби на денешниот Форум.