Дивиот костен е одличен лек за лекување проширени вени. Ова растение влијае на намалување на симптомите како што се: проширени вени, болка, замор, оток на нозете.
Состојката на дивиот костен – есцинот – благопријатно дејствува на стабилизацијата на ѕидовите на крвните садови и со самото тоа на намалување на отокот и болката. Дивиот костен ги намалува воспалителните процеси, ја зголемува цврстината на крвните садови, го зголемува отпорот на венските капилари и ја намалува попустливоста за течност, па на тој начин се намалува оптоварувањето на венските крвни садови и на отокот. Дивиот костен ќе ве ослободи од чувството на тежина во нозете, ги намалува болкуте и грчевите.

Сувиот екстракт од плодот на дивиот костен е познат и ценет по своето лековито дејство. Екстрактот од семките на костенот содржи многу лековити материи, а особено сапонинот есцин кој ги намалува отоците во нозете и ги зајакнува вените. Се користи кај симптоми на хронична венска инсуфициенција од различно потекло, како што се едеми, грчеви во листовите, варикозни вени и посттромбозен синдром. Содржи и биофлавоноиди, кои го имаат истиот ефект на зајакнување на тонусот на вените. Тие ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите и со тоа ја намалуваат опасноста од создавање на тромбоза. Есцинот делува во синергија со биофлавоноидите, засилувајќи го нивното дејство.





