„Илон, премногу си сиромашен“ одговориле од компанијата за безалкохолни пијалоци на твитот на Илон Маск кој вчера твитна дека ќе ја купи најголемата компанија за производство на безалкохолни пијалоци во светот.



Милијардерот Илон Маск го шокираше светот кога објави дека ќе ја презема „Кока-Кола“, само еден ден откако шефот на Tesla го презеде Twitter.

„Следно, ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот — Илон Маск (@elonmusk) 28 април 2022 година“, твитна Маск.

Иако изјавата за преземањена Кока-Кола беше дадена на шега, таа веднаш го збуни деловниот свет.

Експертите почнаа да пресметуваат дали Маск воопшто може да изведе вакво нешто.

Кока-Кола се смета за највредната компанија за безалкохолни пијалоци во светот, а пазарната капитализација на е 284,20 милијарди долари.

Според Блумберг, Маск е најбогатиот човек во светот со проценето богатство од 289 милијарди долари.

Тој е газда и на најголемата компанија за електрични автомобили во светот, што дава тежина на неговата најава , па и оној дел дека ќе го врати кокаинот во пијалокот, пренесуваат медиуми.

Пијалокота Кока-Кола е именуван по неговите две основни состојки: листовите кока и кола оревите. Додека оревите кола се извор на кофеин, листовите од кока се основата од која се извлекува психоактивната дрога кокаин.

Листовите на кока, полни со кокаин, порано беа составен дел на формулата на газираниот безалкохолен пијалок, уште во деветнаесеттиот век кога супстанцијата сè уште се сметаше за лековита.

Меѓутоа, како што дрогата стана стигматизирана и прохибицијата ги погоди САД, кокаинот беше отстранет од тајната формула на Кока-Кола и наместо тоа беше заменет со декокаинизирани листови од кока.