Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски немаат никаква улога во настаните кои институцијата од национален интерес, Институтот за национална историја (ИНИ) ги организира во чест на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Оваа информација која вчера во емијата ,,Заспиј ако можеш” ја објави новинарот Горан Момироски ја потврди професорот Митко Б. Панов од Институтот за национална историја кој е член на одборот за одбележување на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба и идеологот за формирање на независна македонска држава.
Панов во емисијата објаснува дека на пет дена пред настанот ниту претседателот Пендаровски ниту премиерот Ковачевски на никаков начин не се дел од одбележувањата на великанот.
Единствен од државниот врв кој на некаков начин учествува во одбележувањето на 150 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев од страна на Институтот за национална историја е спикерот на Собранието Талат Џафери.
Спикерот не дава финансиска или друга логистичка поддршка но организира прием во Собранието за учесниците на настанот организиран од ИНИ идната недела во Скопје.
Делот од емисијата во кој се зборува за ова скандалозно однесување на Пендаровски и Ковачевски е при крајот на вчерашното издание на Заспиј ако можеш кој може да го видите на овој линк:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=729017504773263&id=280284355399866
Во меѓувреме бугарскиот претседател Радев продолжува со изјавите според кои Делчев е бугарски револуционер.
Радев за Делчев: Голем апостол на слободата на македонските Бугари
Последна вест
Професорката за средба со граѓани кои не би требало да постојат






