Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД за најавениот пакет помош од 33 милијарди долари.
Тоа ќе направи голема разлика кога станува збор за борбените способности на Украина, изјави Зеленски во видео обраќањето до нацијата, пренесе Би-Би-Си.
Претседателот на Украина му се заблагодари на американскиот народ и на претседателот Бајден и се согласи со оценката на американскиот лидер дека пакетот „не доаѓа евтино“, но дека е неопходен за да се запре руската агресија.







