„Никој не нè праша дали да се стави штрајкот во мирување“: Наставниците бараат оставка од Неделков

„Никој не не’ праша дали да се стави штрајкот во мирување“, ние сме изиграни од лидерот на СОНК Јаким Неделков и бараме негова оставка. Голем број наставници доцна попладнето спонтано се собраа пред седиштето на Синдикатот, изреволтирани од одлуката штрајкот да се стави во мирување. Велат доста веќе Неделков го споменува и се ценка со процентот на покачување на платите. Неделков во изјава за Алфа тврди дека сите наставници биле информирани и уверува дека ова било вистинкиот начин да се дојде до остварување на барањата.



Друга наставничка пак кажа дека се чувствувале изиграни и изманипулирани од Синдикатот и порача дека не станувало збор за никаков работен спор, па сега да има период на примирје како што претходно рекол Неделков. Наставниците и професорите побараа Неделков да престане да ги споменува и да се ценка со тие 18 отсто покачување. Си го бараат колективниот договор.

Работен спор би имале кога нашето членство би поднело или би сакало да поднесе тужба до МОН за да ни ги исплати наназад 6-те години кога не се направени усогласувања на нашите плати. Меѓутоа, овде апсолутно не станува збор за никакви тужби, ние не сме во работен спор, ние сме во штрајк. И на нашиот претседател треба да му биде јасно дека ако не сме правници, не сме неписмени. Од таа причина членството е изреволтирано, собрано и ќе продолжи и понатаму да ги бара своите права, рече членката на СОНК.
По протестот пред СОНК, Алфа стапиле во контакт со Јаким Неделков. Тој рече дека сите чекори биле преземени откако се консултирал со членството. Упати апел да не се потклекнува на притисоци, зашто на крај сите ќе стигнеле до посакуваниот резултат. Дел од наставниот кадар излезе на протест откако преку медиумите дознале за одлуката на СОНК.

Сега, кој како сака може да толкува, дали е ова купување на време или е можеби вистинскиот механизам за надминување на состојбите, навистина не знам. Меѓутоа, животот не учи на се, па и на вакво мирно решавање на спорови да биде практика. Можеби е ова и задоцнето, можеби можело и пред штрајкот да се примени оваа опција. Ова е едно животно искуство за нас синдикалците кои што Власта, од аспект на власт, веројатно и повеќе ги знае законите, па така го искористи ова право за решавање на спорот, вели Неделков, Претседател на СОНК.
Синдикатот го стави штрајкот во мирување по добиеното известување од Министерството за труд, дека токму Министерството за образование е подготвено преку мирно решавање на спорот да се дојде до решение.

Видео.