Коронавирус: Пекинг ги затвора училиштата

Пекинг ги затвора сите градски училишта со дополнително заострување на ограничувањата на ковид-19, бидејќи главниот град на Кина се обидува да спречи поширока појава, пренесуваат агенции.



Градот со 21 милион жители веќе нареди три рунди масовно тестирање оваа недела.

Во четвртокот, градското биро за образование им нареди на сите училишта да ги прекинат наставите од петок и рече дека не е утврдено кога ќе продолжат..