Членови на СОНК незадоволни од прекинот на штрајкот

Незадоволни од одлуката штрајкот да се стави во мирување, членови на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) вечерва се собираат пред седиштето на Синдикатот, јавува 360 степени.



Пред неколку часа откако претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дела Советот на СОНК ја донел одлука за мирување на штрајкот и продолжување на наставата во основните училишта од утре.

Неделков кажа дека Советот на СОНК расправал за известувањето од МОН за мирно решавање на спорот, се консултирал со правници, па одлучиле штрајкот да го стават во мирување додека трае решавањето на спорот.

Доколку не се постигне решение, порача тој, штрајкот повторно ќе се активира.