Цинично е во енергетски сиромашната земја во ЕУ и со најсиромашните граѓани да се кажува „ќе најдеме гас, но ќе платиме повеќе“, изјави денеска од Шпанија каде е во посета бугарскиот претседател Румен Радев.



Работа на извршната власт е да обезбеди достапни количини природен гас, што бара превентивно размислување: како и од каде, со какви договори и трето, но најважно – која ќе биде неговата цена. Токму тоа е работа на извршната власт.

Тој го посочи примерот на Шпанија, каде рече дека се наоѓаат шест од станиците за регасификација во Европа , дека земјата добива гас и од САД и од Нигерија, а рускиот гас е само 6% .

Прашање е што правиме ние во оваа ситуација, праша Радев.