„На седницата на Собранието на Црна Гора денес, на 28 април, во Цетиње беше изгласана малцинската влада на премиерот Дритан Абазовиќ. Со тоа заврши тримесечниот технички мандат на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, на која и беше изгласана недоверба на 4 февруари годинава.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Репортери“ во својата информација со наслов „Албанецот Дритан Абазовиќ е избран како премиер на Црна Гора“.
„Репортери“ пишува: „Новото парламентарно мнозинство, кое гласаше за Владата, претходно ја избра Данијела Ѓуровиќ за претседател на Собранието. Со тоа по речиси три месеци се деблокира работата на законодавниот дом.“
„За избор на Владата на Црна Гора гласаа 45 пратеници од вкупно 81 во црногорскиот парламент, а против беа 3 претставници на социјалдемократите.“
Home Македонија „Репортери“: Албанецот Дритан Абазовиќ избран за претседател на малцинската влада на Црна...





