Жесток судир меѓу Радев и Петков: Бугарија во политичка криза

Политичката криза во Бугарија се засилува, тврди полскиот експерт за Западен Балкан и Југоисточна Европа Јакуб Биеламович кој ги анализира изјавите и чекорите на шефовите на државата и владата во Софија кои ги дели на проруски и проевропски.



Радев (близок до проруските посткомунисти од бугарската Социјалистичка партија БСП) го обвинува премиерот Кирил (инаку негов политички кандидат за премиер) за суспензијата на испораките на руски гас. Од своја страна Петков го обвинува Радев дека зависи од Кремљ односно од Русија”, анализира Биеламович.

Тој во својата кратка анализа на состојбата во Бугарија вели дека денеска премиерот Петков е на пат за Киев но ,проруските посткомунисти не се приклучиле на неговата владина делегација.

Партијата на Петков „Ние ја продолжуваме промената“ нема да се откаже од поддршката за обезбедување воена помош за Украина, тврди полскиот експерт.