Шест од 10 Французи не сакаат партијата на францускиот претседател Емануел Макрон да освои мнозинство на парламентарните избори во јуни, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење , објавено во средата од Ројтерс.



Анкетата покажува дека 61 отсто од француските гласачи би претпочитале опозицијата да бобеди на изборита на 12 и 19 јуни.

Овој процент е повисок – 69% – кај гласачите од работничката класа и скоро 90% кај гласачите од екстремната десница и екстремната левица.

По победата на Макрон на претседателските избори овој месец, неговата владејачка партија се надева дека повторно ќе освои апсолутно мнозинство, како што беше за време на првиот мандат на Макрон.

Ако тоа не се случи, Макрон ќе биде принуден да формира коалициски договор со другите партии.

Лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон изјави дека посакува да биде премиер на Макрон во коалициска влада. Т

Лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која го загуби вториот круг од изборите за Макрон, се закани дека ќе ја порази партијата на Макрон на парламентарните.