Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Кина што ќе ѝ се случи ако не ги почитува глобалните правила.
„Тие нема да продолжат да растат ако не се држат до правилата. На Кина ѝ е потребна трговијата со Г7. Ние од групата Г7 претставуваме околу половина од глобалната економија и имаме избор. Во случајот со Русија покажавме какви избори сме подготвени да направиме кога ќе се прекршат меѓународните правила“, изјави Трас, меѓу редови алудирајќи на позицијата на Пекинг во однос на руската воена интервенција во Украина.
Таа порача и дека Западот треба да овозможи Тајван да може да се брани, а го повтори и повикот за засилување на НАТО.





